(Видео) Стоилковски: Шефот на изборниот штаб на Пендаровски ја омаловажува Сиљановска на социјалните мрежи

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Стоилковски: Шефот на изборниот штаб на Пендаровски ја омаловажува Сиљановска на социјалните мрежи

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Велат, ‘логички у Бардовци треба да оди’ и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска Давкова“, изјави Стоилковски.

 

Како што кажа портпаролот, станува збор за коментар на Галетановски објавен на неговиот Фејсбук профил.

„Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност. Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од било кој од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот“, посочи Стоилковски.

Тој додаде оти сега се очекува доследност од Пендаровски во контекст на искажаните ставови и порача дека доколку тој не го испочитува своето ветување само ќе потврди дека е ист со Заев 102,5%.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата