Интернет страницата 9to5Google ги објави наводните кодни имиња на новите Pixel 4 и Pixel 4 XL уреди.

Се работи за commit за Android Open Source Project кој го решава проблемот со SELinux сигурносниот модел со помош на листата на интерни фајлови, а во него воедно се споменуваат и кодните имиња на одредени досега непознати уреди.

Pixel 4 би требало да го добие кодното име “coral“, додека Pixel 4 XL ќе го добие кодното име “flame“. Името “flame” инаку е спротивност во однос на досегашната политика на Google во поглед на именувањето на Pixel уредите според морските животни.

Почетниот Pixel 4 модел би требало да пристигне на пазарот со Snapdragon 855 чип и со 4 до 6 GB RAM меморија.

извор: USB.mk

1

loading...
loading...

Најчитани вести