Екипата на Интер се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија откако со 2:1 ја совлада Фиорентина на „Артемио Франки“. „Нероаѕурите“ дури во продолженијата ја победија незгодната екипа од Фиренца. Во 40 минута Артуро Видал со гол од пенал донесе водство за Интер, меѓутоа изедначи Куаме во 57. минута.

Лукаку влезе во игра во 69 минута, а го погоди голот на домашните во 119 минута и со тоа го однесе својот тим во следната фаза.

Вечерва играат Наполи-Емполи односно Јувентус-Џенова.