По се она што се случи викендов, по егзбициската борба со Рој Џонс, и дефинитивно е јасно дека на боксот му треба Мајк Тајсон. Да биде тука, ако не на рингот, топгаш покрај него. Со името на “Челичниот Мајк“ боксот може само да добие.

Џорџ Форман, легендарниот светски првак од пред повеќе децении, дури мисли дека Тајсон би можел да се бори и за светската титула. Навистина интересно, но еве што кажа „Големиот Џорџ“ за Мајк.

Ако биде во форма каква што прикажа со Џонс, ако се погоди тајмингот, ако се останато се сложи како што треба, и покрај тоа што има 54 години, јас сметам дека Мајк би можел да се бори и за титулата. Ако биде воден како што треба тогаш вистинскиот шампион ќе искочи на мегдан со него, и бидете уверени дека Мајк би можел да го нокаутира. На мечот со Џонс, Тајсон беше одличен. Јас не можев да верувам во тоа што го гледам, а станува збор за егзибициски меч. Замислите само ако Тајсон беше активен во последните две – три години“ истакна Форман.

Инаку Форман во 70-тите години од минатиот век беше дел од големата тројка, со Али и Фрејзер, кои боксот го подигнаа на повисоко ниво.