Санкциони 256 возачи во Скопје

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санкциони 256 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече  вкупно 256 казни за возачи.

Меѓу нив, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 9 за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50 за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата