ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Му го спасуваа животот на голман на Вардар

31.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Му го спасуваа животот на голман на Вардар

Денеска за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТ МЕДИА.

Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси животот на Кристијан Китановски и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар. Имено во многу груб натпревар, во кое предначеле домашните и со лошо судење на Дејан Младеновски, во еден судир до домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание – пишува порталот.

СПОРТ МЕДИА пишува дека голманот загубил свест и речиси бил мртов.

За среќа тука се нашол лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот Китановски, инаку ќе се случило трагедија – пишува порталот.

Извор: спортмедиа.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата