ДЕФЕКТ ги остави без вода Аеродром и Кисела Вода: СЕ РАБОТИ НА РЕШАВАЊЕ

29.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕФЕКТ ги остави без вода Аеродром и Кисела Вода: СЕ РАБОТИ НА РЕШАВАЊЕ

Поради санирање на дефект на булевар „Борис Трајковски“, без вода вечерва се корисниците од висока зона Аеродром, Сервисна зона југ, ул. „Христо Татарчев“ краците од број 1 до број 11, како и дел од населбите Кисела Вода и 11-ти Октомври.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водоснабдувањето на овие корисници ќе биде нормализирано во текот на вечерните часови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата