Водовод: Дефектот е саниран, граѓаните ќе добијат вода до полноќ

19.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Водовод: Дефектот е саниран, граѓаните ќе добијат вода до полноќ

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на булеварот Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ.

Од Јавното претпријатие велат дека нивните екипи непрекинато работеле на дефектот и во рекордно време го отстраниле.

„Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цефка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цефка која е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација“,  посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Дефектот ги опфати населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата