СЕВЕРИНА ПРОПАЃА? Откажан уште еден концерт во низа

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕВЕРИНА ПРОПАЃА? Откажан уште еден концерт во низа

Северина Којиќ ги откажала последните три концерти, а според пишувањата на српските медиуми, и нејзиниот настап за Денот на жената на Златибор доживеал целосен крах. Наводно пејачката продала само 120 влезници. Откажан е и концертот во Долна Стубица, а и во Птуј.

Пропаста на кариерата на една од најпопуларните пејачки во регионот, се чини, започна со прекинот на соработката со својот најблизок соработник, менаџерот Томислав Петровиќ, а на тоа се надоврза и прекинот на соработката со пи-ар стручњакот Давор Гргин, но и со адвокатот Дарио Будимир.

Томислав Петровиќ

Во менаџирањето на нејзината кариера, сега е вклучен сопругот Игор Којиќ (31) кој, спофред пишувањата на медиумите, успеал да и договори неколку тезги во Србија.

Бидејќи веќе не соработува со Петровиќ, се зборува дека бара нов менаџер, а дека го контактирала, се пофали и Душан Јунгер.

- Соработувавме и претходно. Ви велам, се слушнавме, но ништо конкретно немаше во тој разговор, само да се видиме и да позборуваме за условите за можна соработка, изјави Јунгер, кој има соработувано со Неда Украден, Лидија Башиќ, група Вигор и други.

Северина и Игор Којиќ

Неодамна Северина на нејзиниот фејсбук објави дека го откажува закажаниот концерт во Зачрет, а како причина ги наведе проблемите помеѓу организаторите кои го договарале концертот. Сепак, се огласија и организаторите, како би ја демантирале Северина.

-Почитувани, со искрено жалење, приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, договорен за 13 април 2019 нема да се одржи. Исто така, сакаме да ве известиме дека останавме непријатно изненадени на објавата на службениот фејсбук на пејачката, која како причина за откажувањето наведува извесни проблеми кои настанале помеѓу организаторите, иако тоа не е така“, се вели во одговорот од организаторите на концерот на Северина.

 

Извор: 24сата.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата