Минаа денови од инцидентот на мечот од францускиот шампионат помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј, сите ја добија заслужената казна, некој помала, а некој поголема. Најлошо мина Курзава, доби шест меча суспензија, додека Нејмар два меча ќе биде на „ладење“.

Сепак, тоа не  е најголемиот проблем кој во моментов му се заканува на Бразилецот. Имено, од Олимпик Марсеј тврдат дека имаат доказ како Нејмар го навредува Хороки Сакаи на расна основа, нешто што најмалку му потребно.

Зошто? Тој туку пто го потпиша мулти милионски договор со „Пума“, откако долги години беше заштитно лице на „Најк“.

„Пума“ издвои 30 милиони долари годишно за Нејмар, а овој бренд е исклучително популарен на далечниот Исток, Кина, Јапонија, Кореја… Доколку се потврдат обвинувањата на Олимпик Марсеј, Пума и Нејмар ќе имаат огромен проблем, можат да загубат милиони долари, згора на се лансирани новите линии на обувки и гардероба.