Скопјанецот Јове три дена копал за да извади маче заглавено во септичка јама (ФОТО)

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанецот Јове три дена копал за да извади маче заглавено во септичка јама (ФОТО)

Јове Стојановски од Бутел три дена копал во својот двор за да спаси маче кое паднало во септичка јама.

Откако го слушнал беспомошното маче Јове почнал да копа и да го крши бетонот.

Претходно,Стојановски се јавил во пожарна, каде му рекле дека имаат многу работа и не можат да дојдат за да го спасуваат мачето.

Првиот ден во септември 2018 година, успеал да ископа доволно за да му стави храна, вториот ден успеал и вода да му симне и третиот ден конечно мисијата  успешно ја завршил мачето било спасено.

Мачето си доби име Сречко и е згрижено во нивниот дом.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата