Мицевски: Има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ, МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ владејачкото мнозинство

17.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицевски: Има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ, МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ владејачкото мнозинство

„Од она што го имам како информација, иако господинот Зекири рече дека очекуваат окрупнување на владејачкото мнозинство сметам дека незадоволството кое што го има помеѓу коалиционите партнери  и со кои што индиректно или директно може да доведе до промена на состојбата со бројките и до парламентарното мнозинство“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување на „24 анализа“.

Мицевски наговести дека владејачкото мнозинство може да се раситни бидејќи таму сега за сега владее големо незадоволство.

„Најавувам дека има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ. И во наредниот период политиката е менлива работа можат да се случуваат различни работи“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека тоа  може да се преточи и во давање во бланко поддршка на опозицијата во овој момент.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата