НИКАДЕ МАФИЈА НЕ ВОДИ ЕВРОПСКА ДРЖАВА, кога се брани Гоце Делчев се брани и Македонија!

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НИКАДЕ МАФИЈА НЕ ВОДИ ЕВРОПСКА ДРЖАВА, кога се брани Гоце Делчев се брани и Македонија!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организирше протестен собир, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.  Протестот започна од пред Министерството за правда, продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

Илјадници граѓани се сплотија со единствена порака дека Гоце Делчев е Македонија, и бараа оставка од Владата.

- Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. 

На крајот од простетите имаше и кусо, но конкретно обраќање до собраниот народ:

- Горд сум што сум Македонец и што Гоце е Македонец, ние сме таа Гоцева раса, на власт е мафија која ништо не ценат и решени се да го продатат и најсветото, а тоа е Гоце Делчев, рече пред присутните на протестот, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Тој порача дека единствениот начин власта да се спречи во таквата намера е да излезе народ, да излезе многу народ.

Ве повикувам да излезмее помасовно и да кажеме дека сме Македонци од Република Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија!, порача Пандов.

- Гоце го има во химната Гоце Делчев е Македонија. Патритозмот не е демоде ниту антиевропската политика. Македонизмот не е ништо помалку важно од Европеизмот. Тука сме и за ЕУ денска и за Гоце Делчев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест.

Не смееме да дозволиме да станеме територија. СДСМ предводено од Заев не е за ЕУ тој е се спротивно од европската вредност.Таму нема обвинители кои се заедно со врхушката од власта. Тие ја поскапеа струјата и го осиромашуваат народот. Склопуваат договори со анти ЕУ бизнисмени од 200 милиони евра.Тие се против ЕУ за да можат да крадат и не одговараат.Тие се мафија.Нашата идинина е во ЕУ и таа ќе дојде но без овие луѓе на власт.Заев не е идината туку заканата за овој народ.Сакаат да го продаат Гоце за да си доделат уште некоја лиценца за производство на марихуана.

Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата.Овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија.Тој е нашата тврдина која нема да ја напуштиме.Делчев обединува а СДСМ разединува. Мафијата не е посилна од вистината. Или Македонија мафија. Ајде од оваа наша држава да направиме гордо и достоинствено место за живеење.Опаметте се Делчев е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата