Соживот постои на хартија - ВАРДАР ИМ ЗАБРАНИ НА “ШВЕРЦЕРИ“ ДА ДОЈДАТ НА НАТПРЕВАРОТ СО ШКУПИ

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Соживот постои на хартија - ВАРДАР ИМ ЗАБРАНИ НА “ШВЕРЦЕРИ“ ДА ДОЈДАТ НА НАТПРЕВАРОТ СО ШКУПИ

Вицешампионот Вардар утре го пречекува Шкупи во рамките на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Мечот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари а забранет ќе биде влезот за „Шверцери“, гостинските навивачи од Чаир.

„Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик. При купување на билет задолжително ќе биде прикажување на документ за лична идентификација. Влезници ќе се купуваат по принципот една лична карта – еден билет.

Забранет ќе биде влезот за гостински навивачи и симпатизери. Сите гостински навивачи кои ќе се обидат да влезат на трибините, ќе бидат вратени од стадионот.

До оние кои ќе бидат на трибината на стадионот, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање. Да го бодриме нашиот тим кон триумф и три бода“, велат од Вардар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата