Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти (56) беше фатен по долго време во семејна прошетка со неговата сопруга, моделката Мариса Пелегрини (30) и нивниот син Габрио Тули.

За време на прошетката пејачот разменуваше нежности со својата 26 години помлада сопруга, која изгледаше прекрасно во лежерно издание и без шминка.

Ерос Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје, на 30 септември, во рамки на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти.

извор: Makfax

4

Најчитани вести