Кога се избира “проверен“ концесионер ќарот е гарантиран

Од Загреб до Скопје: ПАРТНЕРОТ НА ШИЛЕГОВ ЗА ДРИСЛА Е ДВА ПАТИ АПСЕН ЗА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од Загреб до Скопје: ПАРТНЕРОТ НА ШИЛЕГОВ ЗА ДРИСЛА Е ДВА ПАТИ АПСЕН ЗА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Според информациите од Град Скопје, најдоцна до септември, со работа на депонијата треба да започне конзорциумот составен од  германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше италијанската ФЦЛ Амбиенте, но не исполни ниту една од нив пишува порталот ирл.мк.

Хрватската компанија Ц.И.О.С. која е една од фирмите во конзорциумот кои ќе раководат со Дрисла  е партнер со германската Шолц група. Нејзниот сопственик и претседател на управниот одбор Петар Припуз заедно со синот и ќерката Иван и Ива Припуз се сопственици на уште десетина компании чија главна дејност е поврзана со собирање и рециклирање на отпад, како и со производство на електрична енергија. 

Петар Припуз и неговите компании со години се предмет ан истрага и обвиненија во Хрватска за корупција, даночно затајување и перење пари, помеѓу останатото и во соработка со градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.

Еве дел од фактите кои ги објавија хрватските медиуми.

Како што за порталот Индекс.хр беше потврдено од адвокатот Анто Нобило, утринава (31.05.2017) ко-сопственикот на ЦИОС, Петар Припуз беше уапсен, или лишен од слобода.

Одлуката за апсење Припуз беше презентирана утринава во 6 часот, во болница, каде што според Нобило е сместен поради проблеми со срцето поврзани со неодамнешната операција за која бил во странство. Тој се упсен во болницата и одземен му е мобилниот телефон, но не беше иззнесен од болницата. Полицаји се ангажирани да го чуваат додека е таму.

Во куќата Припуз, како и во неговата фирма CIOS и компании поврзани со CIOS, во тек е претсрес исто како и подружниците на CIOS лоцирани надвор од Загреб. Судијата задолжен за истрага ќе одлучи за понатамошни чекори.

Тој е обвинет за затајување данок

Според зборовите на истрагата, Припуз е обвинет за кривични дела во сферата на даночно затајување. Особено, го товари дека неговите компании издавале фиктивни фактури на компаниите кои соработуваат во купување на метални суровини за што од сметките се повлечени пари во кеш а суровините всушност никогаш не се купени.

Иако по неговото претходно апсење во аферата Аграм 2014 Припуз го најави своето повлекување од сите функции за управување со неговите компании во и формално  тој е само член на Надзорниот одбор на друштвото, полициските инспектори се убедени дека добро познатиот пријател на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ продолжува да ги држи бизнис линиите на CIOS во свои раце.

До 12 други лица кои се обвинети за Припуза истрагата смета дека се затаил данок од 100 милиони куни (13,5 милиони евра)

Припуз беше уапсен и во 2014 година заедно со градоначалникот на Загреб Бандиќ

Петар Припуз во октомври 2014 година беше уапсен во аферата Аграм, во која се најде зад решетки и градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ како и уште петнаесет лица од неговите соработници поради сомневања за цела низа на коруптивни кривични дела извршени против градот Загреб. Прпуз со кауција од 1 милион евра во тој процес се брани од слобода.

Јутарњи лист на 26.11.2014 пишува кој е Петар Припуз, близок пријател и соработник во криминалот на загребскиот градоначалник Бандиќ, ценејќи дека неговото богатство е околу 250 милиони евра, заработено пред се од менаџирање депонии и отпадни материјали. Обвинението го терети него и градоначалникот на Загреб Бандиќ за корупција од 500.000 евра. Полицијата и обвинителството долго ги следеле и снимале пред да биде подигнато обвинение.

"Кога е бал нека биде маскембал", драмски заклучува градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ во разговор со Петар Припуз во телефонски разговор кој е снимен во декември 2013 година еден од многуте поврзани со нивниот меѓусебен бизнис. Повеќе од десет месеци подоцна, метафорички, балот навистина се случи - градоначалникот и неговите соработници како и Петар Прпуз беа уапсени.

По пуштањето од притвор да се брани од слобода со гаранција од 1 милион евра, Петар Припуз се повлекува во својата вила на загребски Пантовчак која се води како сопственост на неговата сопруга Мира а, формално, раководењето со фирмите го презема неговата ќерка Ива Припуз Шкепкуљак, пишува Јутарњи лист.

Петар Припуз инаку во Хрватска е познат како “крал на отпадот“.

На 17.11.2018 хрватската ТВ Н1 објавува дека процесот против Бандиќ и Припуз од 2014-та се уште трае а неговата фирма издава соопштение во кое тврди дека ниту една членка на деловниот систем ЦИОС не вршела криминал, посочува и свое вештачење за поткрепа, и дека само заради сплет на околности се појавувале како единствен понудувач за соработка со комуналното претпријатие на градот Загреб. Инаку, според ова соопштение фирмите на Припуз држат околу 22 проценти од пазарот на откуп и собирање отпадни материјали и ѓубре во Хрватска.  

И додека таа афера и обвинение се уште не е затворена, во мај 2017 година Петар Припуз, партнерот и на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, е повторно уапсен. 

Во меѓувреме, додека траат утврдувањата на фактите што фирмите на Петар Припуз навистина прибрале од одпад и сировини, колку пари извлекле од сметките... до крајот на 2018-та се случуваат четири пожари во неговата депонија за отпаден материјал на загребска Савица. Доказниот материјал, случајно или не, се губи во серија пожари. 

Во изјава за загребска Нова ТВ на 10 октомври 2018 година Петар Прпиуз вели дека пожарите му се подметнати од политички причини, и тоа му се случува дури откако е отворено обвинение против него и градоначалникот на Загреб Бандиќ, а тој работи 17 години на таа локација и пожар никогаш претходно немало.

- Бидејќи мојата фирма ЦЕЗАР има монопол над вакво собирање отпад не можам да ја обвинам конкуренцијата за пожарите, изјавува Петар Припуз велејќи дека се сомнева во политички мотиви - да му се нанесе штета на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, не наведувајќи каква штета би имал Бандиќ од пожар во отпад на туѓа, приватна фирма.

Аферите, корупцијата, перењето пари, истрагите, обвиненијата... врзани за Петар Припуз се селат од Загреб - во Скопје. Негов нов партнер-градоначалник е Петре Шилегов, а негови нови клиенти се скопјани и околината.

Нашето истражување продолжува...

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата