Фантастична трка на Макс Верстапен, возачот на Ред Бул кој со помош на супер тактиката на својот тим, успеа да го победи двоецот на Мерцедес Хамилтон – Ботас, и тоа на Силверстон за големата награда на В. Британија. Холанѓанецот тргна од стартот како четврти, но знаеше како треба и знаеше што треба да направи. Ова е негова вкупно девета победа во својата кариера. Како втор заврши светскиот првак Луис Хамилтон кој со својот Мерцедес не можеше ништо да му направи на победникот, додека трет е Ботас. Ферари слаб, Шарл Леклер стигна до четвртото место, а Себастијан Фетел дури 12-ти.

Инаку со оваа трка се одбележа еден голем јубилеј, 70 години од Формула 1.Следната трка ќе се вози на 16 август во Шпанија.