СЕГА СРБИЈА ИМА РЕАЛЕН ПРОБЛЕМ: Британија ја поддржа ПЛАТФОРМАТА ЗА НЕЗВИСНО КОСОВО НО, И СЕ ДРУГО ВО НЕА

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕГА СРБИЈА ИМА РЕАЛЕН ПРОБЛЕМ: Британија ја поддржа ПЛАТФОРМАТА ЗА НЕЗВИСНО КОСОВО НО, И СЕ ДРУГО ВО НЕА

Британскиот дипломатски претставник Ричард Мур се состанаа во Приштина со претставниците на тамошнит власти за дијалог со Србија и со претседателот на тимот, Фатмир Лимај кој по разговорите изјави дека темите на дијалогот биле елиминирање на екстра царините од 100 отсто на стоки од Србија и Босна и Херцеговина и текот и иднината на преговорите помеѓу Србија и Косово за статусот на поранешната српска покраина.

Како што пренесува РТК 2, Лимај изјавил дека и Мур, како и неговите претходници од САД и Германија, побарарал екстра царините да бидат укинати.

Со Мур, вели Лимај, исто така разговаралеа за Платформата која неодамна ја изгласа собранието на Косово со која властите најавуваат и се обврзуваат дека ќе ја укинат српската власт во Северна Митровица и другите околни општини, ќе се приватизира и продаде рудникот Трепча и браната Газиводе кои сега се експлоатираат заедно со Србија што во Белград беше оценето како провокација за војна од страна на Приштина.

Според изјавите на Лимај, британскиот дипломат Ричард Мур ја поддржал оваа Платформа за решавање на преговорите со Србија.

- Добивме целосна поддршка за Платформата од претставниците на британската влада. Велика Британија ги охрабрува и поддржува напорите за дијалог и учеството на Косово во разговорите за постигнување договор со Србија- рече Лимај.

Со Мур, исто така, имал работна средба и премиерот Рамуш Харадинај за која се вели дека темата била случувања во и околу Косово, во овој дел на Западен Балкан.  

Харадинај објави на Фејсбук дека Косово е посветено на стабилноста и мирот во регионот.

- Со Ричард Мур, разговаравме за политичките случувања во Косово и Западен Балкан. Како и за стабилноста и мирот во регионот, Косово е длабоко заинтересирано за постигнување на конечен договор со Србија, со меѓусебно признавање на постојните граници, вклучувајќи го и поглавјето за слободна трговија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата