Vivo го претстави концептниот смартфон Apex 2019 без портови (ВИДЕО)

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Vivo го претстави концептниот смартфон Apex 2019 без портови (ВИДЕО)

Компанијата Vivo на настан во Хонг Конг го покажа својот нов концептен смартфон наречен Apex 2019.

Овој телефон е компатибилен со 5G мрежите, поседува сензор за отпечатоци од прст кој го покрива речиси целиот екртан, но нема ниту еден порт. Првобитно беше планирано смартфонот да биде претставен на Mobile World Congress во Барселона, но неговото деби е одложено.

Куќиштето на Apex е изработено од еден дел на стакло, што е исклучително тешко да се постигне. Уредот користи комбинација на капацитативни сензори и сензори за притисок за се симулираат копчиња за јачина на звукот, како и за активирање и гаснење на екранот.

Магнетниот конектор се користи за полнење и пренос на податоци, а самиот екран вибрира и има функција на звучник. Сензорот за отпечатоци може да се користи за неколку прсти спуштени речиси било каде на екранот.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата