Дали тимот на Реал Мадрид ќе се посрамоти поради овој потег или избраниците на Зинедин Зидан вечерва ќе триумфираат со стил против Виљареал и ќе ја осигураат 34. титула во историјата.

Пва е прашање кое сите си го поставуваат откако, клубот пушти во продажба маици со бројката 34. титула во историјата на Реал Мадрид. Се е тоа супер, само што истата треба да се освои најпрво нели.

„Кралевите“ велат дека вечерва ќе изгинат на терен за бодовите и за победата, и веројатно и ќе го сторат тоа, меѓудругото за да ја осигураат титулата најбргу што можат за да не се посрамотат.