Смартфонот на преклоп на Motorola доаѓа кон крајот на летото

11.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Смартфонот на преклоп на Motorola доаѓа кон крајот на летото

Motorola официјално го потврди издавањето на својот нов смартфон, кој ќе биде со екран на преклоп и ќе има навистина интересни новини.

Деновиве протекоа информации за тоа како ќе изгледа модерниот наследник на иконата RAZR V3, кои потврдуваат дека новиот Motorola смартфон ќе има мал надворешен дисплеј и голем внатрешен. Пристапот до надворешната страна ќе добие некои претходно инсталирани апликации како Moto Display, Moto Actions и Moto Camera.

Кога е отворен, надворешниот екран ќе дејствува како trackpad за лизгање во Chrome и други апликации. Помошниот дисплеј исто така може да прикаже до шест копчиња со брз пристап до различните функции на уредот. Кога ќе го повикате виртуелниот Google Assistant во затворена состојба на надворешниот екран, ќе се прикаже посебна анимација што корисникот може да ја оневозможи.

Над надворешниот екран ќе се наоѓа главната камера, која во затворената состојба може да се користи за снимање на селфи слики. Засега не се знае каде ќе биде (и дали воопшто ќе ја има) втората камера.

Промоцијата на новиот уред на Motorola се очекува кон крајот на летото оваа година.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата