Xiaomi Black Shark ќе биде објавен кон средината на март

11.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi Black Shark ќе биде објавен кон средината на март

Одамна е познато дека Xiaomi го подготвува гејмерскиот телефон од втората генерација.
Легендарниот Black Shark го освои вниманието на публиката, но откако Razer веќе го пуштија својот борец во оваа дисциплина, време е за втората генерација.

Потврда доаѓа од компанија која пушти малку информации во Weibo – кинескиот Twitter. Се
потврдува дека втората генерација ќе излезе на пазарот најверојатно на 18 март оваа година.
Избраниот процесор е Qualcomm Snapdragon 855 и нуди 8 GB RAM меморија, како и 128 GB простор за апликации.

Се очекува и опција со 12 GB RAM и двојно повеќе место, како што се случи со Black Shark Helo – малку помоќен од стандардниот апарат.

Во оваа класа телефони, прегревањето одамна е на дневен ред и бројни производители почнаа да
се обложуваат во водно ладење.

Капацитетот на батеријата нема да биде помал од 4000 mAh. Првично, кинескиот пазар ќе биде фаворизиран и дури потоа ќе можеме да го видиме во Европа. Се разбира, нетрпеливите ќе можат да го нарачаат од Aliexpress.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата