Во Аеродром КЛУПИ „РАСТАТ“ на грмушки!

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Аеродром КЛУПИ „РАСТАТ“ на грмушки!

Своевремено клупи се ставаа по паркови, пешачки зони и сл., но од неодамна на територијата на Општина Аеродром има нов тренд - клупите се ставаат меѓу грмушки или поточно врз грмушки. Ако не ви е јасно како изгледа тоа, еве фотографија. 

Која им е намената на вака поставените клупи не ни е познато, а ни јасно рака на срце. Со гаранција не му е јасно зошто го сторил тоа ниту на оној што клупата ја „довлечкал“ во ваква положба.

Очигледно недостатокот од кадар во Општината, која во изминативе 2-3 години слободно може да конкурира за една од најзапустените, си го прави своето, па секој се однесува и прави како што ќе му текне.

Не за џабе се вели - кога мачорот го нема, глувците оро водат!

Фото: Вечер.мк

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата