Анте Гаџа сепак ќе биде замената за Сташ Скубе во редовите на Вардар. Иако овој трансфер се чинеше недостижен, сепак првиот човек на македонскиот тим, Михајло Михајловски успеа да најде начин да го доведе хрватскиот ракометар и да реши една од двете проблематични позиции.

Гаџа доаѓа од таборот на ППД Загреб, претходно беше член на Нексе.

„Гаџа е нов член на Вардар, ги договоривме сите детали. Тој потпиша две годишен договор, со тоа што втората сезона ние ќе одлучиме дали ќе сакаме да го задржиме во тимот“, изјави за СПОРТМЕДИА, Михајло Михајловски, првиот човек на Вардар.

Во изминатиот период во таборот на Вардар дојдоа Талески, Георгиевски, Санталов, Кантегрел и Јагуриновски, во составот останаа Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Ристовски, Дисингер, Калараш, Мишевски, Кизиќ, Димитриоски.

Според планот останува да се реши и позицијата десен бек.