Академија ФМП и официјално го промовираше Александар Петровиќ, кој по три години минати на клупата на Куманово одлучи да ја промени средината.

Во новата сезона тимот ќе биде составен од млади играчи, и квалитетни странски засилувања. Петровиќ на кратко ги искажа своите очекувања.

„Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи подржани од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа“, изјави Петровиќ

Од клубот велат дека со ангажманот на Петровиќ, сакаат да изградат стабилен прволигаш, кој ќе биде достоен противник на сите екипи. Главна цел е да се задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона.