Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој е милијардер. Магазинот „Форбс“ синоќа го приклучи Португалецот во друштво на милијардерите, и тој е првиот од фудбалската фела кому му успеале.

Роналдо е третиот активен спортист кој влегол во ова друштво. Претходно истото го достигнаа боксерот Флојд Мејведер и голферот Тајгер Вудс.

Кристијано е еден од најплатените играчи во Светот веќе долги години. Покрај платата на терен, тој заработува и надвор од него од други работи надвор од теренот, и така стигна до оваа цифра.