И во време на пандемија за најдобрите светски фудбалери нема криза. Само од своите Инстаграм профили, Кристијано Роналдо, Меси и Нејмар во периодот од 12 март до 14 мај инкасирале по најмалку еден милион евра.

Во текот на овие два месеци, секој од нив објави 4 рекламни објави од спонзори. На Португалецот со 219 милиони претплатници, ова му донесе 2,1 милиони евра, на Аргентинецот (151 милиони претплатници) 1,45 милиони евра, а на Бразилецот (138 милиони претплатници) 1,33 милиони евра.

На четвртото место според заработката од социјалните мрежи е поранешната НБА ѕвезда Шекил О’Нил, кој ја заврши кариерата во 2011 година. Тој има 17 милиони претплатници на Инстаграм и, соодветно на тоа заработил 653.000 евра.