Стојанов пак нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинителството испитува дали има закана

7.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стојанов пак нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинителството испитува дали има закана

Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“, веднаш по случувањата на македонско-бугарската граница на 4 февруари кога тројца бугарски граѓани беа приведени, на својот фејсбук-профил објави дека дава награда од 200 евра за името на македонскиот полицаец кој ги привел овие лица. Потоа тој ја тргна објавата, а од пред два дена заканата е повторно објавена.

Веднаш по првата објава Министерството за внатрешни работи испратило известување до Јавното обвинителство. Од обвинителството сега пак велат дека по проверките ќе се одлучува дали според македонското законодавство има кривична одговорност.

Објавата на Стојанов веднаш беше протолклувана како отворена закана за македонскиот полицаец.

Стојанов е главниот организатор на чествувањето на Мара Буневе во Скопје, ги повикуваше Бугарите во голем број да додјат на гробот на Гоце Делчев, носи бугарски историски книги во Македонија, организира настава на бугарски јазик за децацво земјава…

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата