Поранешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска претпладне е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Исто така риведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

ОЈО бара притвор за Рашковски.