Адвокатите на австриската фирма „АММА увоз извоз Австрија“
која бара повеќе од 4 милиони евра од компанијата „Дена продукт“, сега
преименувана во „Феникс Аграр“ денеска на рочиште за стечајната постапка која
се води во Основниот граѓански суд во Скопје побараа притвор за управителот
Атанас Костов, зет на поранешниот премиер, Зоран Заев, кој досега не ја дал
книговодствената документација за фирмата за којашто се води стечајот и
разрешување на стечајниот управник, Драги Димовски од Струмица кој ја води стечајната
постапка.
-Ако управителот не сака да ја даде документацијата од 2023
година, да се одреди притвор според Законот за стечај. Како тогаш може стечајниот управник да состави табела –
шема на утврдени и оспорени побарувања, праша еден од адвокатите на австрсиката
фирма, Николчо Лазаров и побараа разрешување на стечајниот управник бидејќи не
ја обезбедил документацијата,
пренесе Фокус.
Според написот
било обелоденето и дека документацијата на должникот е дислоцирана,
односно не се наоѓа во Богданци, каде првично беше седиштето на „Дена продукт“,
туку е преместена во просториите на фирмата „Вики компани“ во Валандово, фирма
која исто така се јавува како доверител односно бара да наплати пари од
должникот.
Во меѓувреме, иако се води стечајна постапка, оранжериите на
„Дена продукт“ наголемо произведуваат и
тоа за Атанас Костов односно тој ги користи стаклениците без надомест.
Паралелно со ова се води и судски процес во судот во Велес
откако беше поднесен обвинителен предлог против Костов, според кое, Костовна
секој можен начин се обидувал да ги „изигра“ Австријците и да не им ја исплати
отштетата.