Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше
во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските
одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со
раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата,
тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки
ресурси и техничка опременост.
„Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе
од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација
на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски
службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и
Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот
ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства
состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, истакна
министерот Тошковски.