Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата