Убиствено селфи- жена паднала во 75 метри длабока бездна додека позирала за „син оган“

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиствено селфи- жена паднала во 75 метри длабока бездна додека позирала за „син оган“

Хуанг Лихонг (31) и нејзиниот сопруг Џанг Лонг (32) биле дел од групата што го посетила Ијен - вулкански туристички парк во провинцијата Источна Јава познат по феноменот „син оган“. Парот се искачил на работ на кратерот за да го гледаат изгрејсонцето, објавија медиумите.

Нивниот туристички водич рекол дека ги предупредил на опасноста да бидат во близина на кратерот.

Отпрвин, Хуанг одржувала безбедно растојание од два до три метри од работ на карпата додека позирал за фотографии, вели водичот.

Потоа почнала да се движи назад за да биде поблиску до дрвото со разголени гранки за да сними поубава позадина.

Меѓутоа, додека одела наназад, таа случајно го згазнала нејзиниот долг фустан и паднала од карпата. Медиумите немаат информации дали носела здолниште или фустан.

На фотографијата која кружи на социјалните мрежи може да се види фотографијата наводно направена пред трагедијата.

Локалната полиција на 21 април соопштила дека една Кинеска паднала од височчина од 75 метри до смрт. Нејзината смрт била класифицирана како несреќен случај.

Наводно, на спасувачите им требале повеќе од два часа за да го извлечат нејзиното тело.

Ијен е познат по својот „син оган“, кој всушност е сина светлина испуштена од согорувањето на сулфурните гасови.

Неговиот кратер, познат како Kavah Ijen, што значи осамен кратер, е популарно место за туристите и рударите, кои го откопуваат зацврстувачкиот жолт сулфур за да го продаваат за употреба во сè, од козметика до кибрити.

Вулканот редовно испушта мали количества штетни гасови, но локацијата останува отворена за јавноста.

Во текот на ноќта, вулканот Ијен се издвојува од околината со сината боја која сјае од неговата лава. Поради големото количество на сулфур и високата температура горат сулфурните гасови и синиот пламен.

Неговата лава е со иста боја како и другите вулкани. Единствената разлика е во тоа што оваа лава содржи големи количини на сулфурни гасови кои, изложени на кислород и загреани од лавата, почнуваат да горат создавајќи сини пламени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата