Убиена е најголемата змија на светот, научниците ја откриле пред 5 недели: Ова е кривично дело

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиена е најголемата змија на светот, научниците ја откриле пред 5 недели: Ова е кривично дело

Змијата била долга осум метри и тешка 200 килограми, а нејзиното тело било пронајдено на 24 март како лебди во реката Формосо на југот на Бразил.

За потсетување, северната зелена анаконда (Eunectes akaima) е дебела како автомобилска гума и има огромна глава.

Во времето на нејзиното откритие се верувало дека е „најголемата змија на светот“ и научниците ја обожавале, пренесува The Sun.

Режисерот на филмот за дивиот свет, Кристијан Димитрис, потврди дека мртвата змија е истата анаконда снимена во амазонската прашума.

„Ги споредив шарите на нејзиното лице, кои се како отпечатоци од прсти. Таа мора да е најпознатата анаконда во светот и целосно симболична за регионот“, рече тој.

Холандскиот биолог професор Фрик Вонк, кој е снимен како плива покрај Ана Јулија, изјави дека бил тажен и лут откако ја слушнал веста.

„Со многу болка во срцето, би сакал да знаете дека големата анаконда со која пливав е пронајдена мртва во реката. Слушнав од различни извори дека е убиена од огнено оружје, иако нема официјална потврда за причината за смртта. Колку треба да бидеш болен, за да го направиш тоа со толку убаво и уникатно животно“, рече тој.

Професорот наведува дека, според достапните информации, анакондата била здрава и во најдобрите години од својот живот, па можела да роди многу потомци.

Тој го опиша нејзиното убиство како „огромен удар за биолошката разновидност“.

И покрај застрашувачката големина и способноста да проголта цел маж, Вонк се присетил на едно посебно искуство:

"Пливав покрај неа најмалку еден час. Не беше вознемирувана од моето присуство. Се надевам дека сторителите ќе бидат пронајдени и кривично гонети бидејќи ваквото однесување мора најстрого да се казни. Колку што знам, полициската истрага е во тек“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата