Сулемана би бил највисокиот човек на светот, но има проблем- не може да го измерат (ВИДЕО)

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сулемана би бил највисокиот човек на светот, но има проблем- не може да го измерат (ВИДЕО)

Според последниот преглед, 30-годишниот Сулемана е висок 2,89 метри, поради што треба да му ја земе титулата на највисокиот човек на светот, Султан Косен, кој е висок 2,51 метри.

Единствениот проблем лежи во тоа што лекарите немале соодветни мерни алатки, па тој се уште ја нема освоено таа титула, пишува Би-Би-Си.

Пред неколку години му бил дијагностициран гигантизам, поради што мора да оди на редовни контроли. На последниот преглед тој бил повисок од мерната шипка, па зачудената медицинска сестра ја повикала својата колешка. Наскоро се собрал лекарски тим кој се обидел да ја реши загатката за одредување на неговата висина, а Сулемана останал збунет од спектаклот што го предизвикал.

Некој им предложил да најдат столб и да го користат како продолжение над стапот за да ја измерат неговата висина - и така дошле до проценката.

Инаку, Сулемана боледува од акромегалија, пореметување предизвикано од вишок на хормон за раст, поради што не престанува да расте. Тој е многу популарен во неговото село и луѓето често доаѓаат кај него за да се фотографираат со него. Поради здравствените проблеми тој се откажал од сонот да стане возач, а сега приоритет му е да собере пари за лекување и здравствено осигурување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата