Влегувањето во малку позрела возраст ја менува жената во секој поглед. За да може жената да биде задоволна и среќна во најдобрите години мора да ги знае овие 10 работи.
1. Колку и да била добра и чудесна забавата, направи се што е потребно за да се разбудиш во својата спална соба.
2. Помеѓу парче торта и бисквит, секогаш одбери чаша вода
3. Ако е полноќ на часовникот, а мораш да ја измиеш косата, да ги средиш нозете и да направиш маникир - секогаш избери сон. Затоа што недепилираните нозе може да се скријат, да се стави фенси марама на главата... Но, никој и ништо нема да го маскира уморното лице и лошото расположение. Секогаш избери го сонот.
4. Патувај! Искористи ја секоја можност за тоа. Учењето нови работи е добар начин за стекнување искуство, а притоа нема да остарите.
5. Пред да почнеш да ја проценуваш ситуацијата, секогаш запрашај се: „Дали е ова моја работа?“ После тоа, затвори ја устата и тргни по својот пат.
6. Помеѓу бурна романса и можност за заработка, секогаш правете избор во корист на второто.
7. Вистината не се раѓа во спор, туку мигрена. Во вистинско време изговореното „Да, што и да кажете...“ ќе заштеди пари и нерви.
8. Неколку дена во самотија делуваат подобро од скап спа салон.
9. Ниту еден маж не вреди заради него да се пати во неудобни чевли.