Пријателките на војвотката од Сасекс ги шокираа социјалните мрежи објавувајќи фотографии од мармалад во тегла. Станува збор за новиот бренд на Меган Маркл (42), а го носи името „American Riviera Orchard“.
Првиот производ што го направија се теглички свеж мармалад. Модната дизајнерка Трејси Робинс, сопруга на Брајан Робинс, претседател и извршен директор на Paramount Pictures и Nickelodeon, објавила корпа полна со лимони и џем на Инстаграм и се заблагодарила на нејзината пријателка Меган што и испратила подарок.
"Ти благодарам за вкусната корпа. Апсолутно го сакам овој џем и не сум сигурна дека ќе го споделам со некого. Ти благодарам М", напишала Трејси. Судејќи според бројките на тегличката, направени се само 50.
На социјалните мрежи се објавени и фотографии од леб на кој е намачкан мармаладот на Меган, кој малкумина го добија. И додека некои ја поддржуваат сопругата на Хари и ја сметаат за многу претприемничка, други велат дека не можат да веруваат на што спаднала.
„Ако дојде до тоа да мора да работи, тогаш тие навистина немаат пари“, коментираат.
Во март, Меган навести како го лансира новиот бренд кога креираше страница на Инстаграм посветена на проектот.
„Таа работи на тоа повеќе од една година и се работи за сите работи што и се драги на срцето - сите работи за кои е многу страсна“, изјави извор за Page Six.