Во април 1912
година, светот го потресе една од најголемите поморски трагедии во историјата,
кога РМС Титаник потона по судир со санта мраз.
Катастрофата
однесе 1.500 животи, додека потонатиот брод и денес се наоѓа на дното на
Атлантикот.
Благодарение на
аниматорот Џаред Овен, можеме уште еднаш да му се восхитуваме на прекрасниот
брод, кој исплови од Саутемптон пред 112 години на своето прво - и последно –
патување.
Тој ги покажа
сите 10 палуби, вклучувајќи го и последниот со чамците за спасување.
"Кога ја
завршија изградбата, Титаник беше најголемиот брод на светот. Дизајниран е пред
повеќе од 100 години, така што без компјутери или 3Д софтвер. Сè беше направено
со рака, што е неверојатен подвиг на инженерството и занаетчиството", рече
Овен.
Неговата
анимација можеби би можела да му помогне на австралискиот милијардер Клајв
Палмер, кој најави дека ќе го реконструира познатиот брод.
„Титаник 2“ треба
да биде готов до 2027 година, а единствената разлика во однос на оригиналот ќе
бидат најсовремените системи за навигација и безбедност.
Младиот аниматор
ги откри и тајните на дизајнот на бродот, вклучувајќи ја и малку познатата
приказна за четвртиот и последен оџак со црн врв „Само три биле користени, а
четвртиот бил додаден за целокупниот изглед“, објасни Овен.
Тој вели дека
градителите верувале дека Титаник ќе „изгледа помоќно“ со четири оџаци, но се
користел само за вентилација, пишува Дејли мејл.
Интересно е да се
спомене што значи кратенката „RMS“ која малкумина ја знаат. Титаник бил „Брод
на кралската пошта“ и се користел за транспорт на пошта/пратки.
Според податоците
од музејот Смитсонијан, на бродот, наменет за Њујорк, имало меѓу шест и девет
милиони предмети.
Се разбира,
целата пошта била изгубена кога бродот потонал на 15 април, два часа и 40
минути откако удрил во санта мраз.