Според најавите на Ројтерс, кинескиот Leapmotor ќе започне со производство на мали електрични автомобили во фабриката на Stellantis во Полска, како дел од заедничко вложување.
Производството на електричниот модел T03 ќе започне во фабриката Stellantis Poland во Тичи, каде досега се произведуваше стандардниот Fiat 500, чие производство беше префрлено во Мароко.
Според најавите, Stelantis ќе поседува 51% од новата компанија, додека кинескиот производител ќе има 49% од акциите.
Инаку, моделот Т03 забележа одлични производствени резултати во Кина со годишно производство од над 35.000 единици во 2023 година.
T03 е веќе во продажба на некои европски пазари, вклучително и Франција, по цена од 20.000 евра.
Инаку, тој е прилично поскап отколку во Кина, бидејќи максимално опремената верзија на моделот T03 403 чини 8.880 евра во Кина, со мотор од 109 коњски сили и 158 Nm со батерија од 41,3 kWh што му дава опсег над 300 километри.