ТРАГЕДИЈА! Уште едно момче ИСЧЕЗНА на Лефкада, како да го проголта морето на плажата Милос

11.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА! Уште едно момче ИСЧЕЗНА на Лефкада, како да го проголта морето на плажата Милос

По трагедијата која ја потресе Македонија за трите исчезнати момчиња во водите кај  Посиди, Халкидики осамна уште една објава дека е исчезнато момче на плажата Милос на Лефкада.

На фејсбук групата Грчка Инфо синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезна во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада.

Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а барновите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагат на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо…ако некој има информации нека напише, пс струјата беше малку посилна отколку претјодните денови.

https://www.facebook.com/groups/grckainformacije/permalink/863562434527275/

Васил Брезовски (25) и 30-годишниот Иван се спасени и се надвор од животна опасност, а Грчката крајбрежна стража и спасувачки екипи и денеска ја продолжуваат потрагата по 28-годишниот Македонец  кој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата