Подгорица: Полициски претрес во Агенцијата за спречување корупција

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подгорица: Полициски претрес во Агенцијата за спречување корупција

Локалните медиуми јавуваат дека директорката на АСК, Јелена Перовиќ, заминала од агенцијата во придружба на полицијата и на својот адвокат, но засега не е познато дали е приведена.

Според неофицијални информации, службениците на СПО, меѓу другото, одзеле документација за наводна злоупотреба на службеното возило, а Перовиќ ја однеле да сведочи на претресот на нејзиниот службен автомобил БМВ, по што се вратиле во зградата на АСК. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата