Во Сребреница не се случи геноцид, туку воено злосторство, вели еден од најголемите светски експерти за холокаустот,<span> </span>Ефраим Зуроф<span> </span>и посочи дека денес, без никакво сомневање, овој термин се злоупотребува за политички цели, но и дека Генералното собрание на ОН не може да утврди што е геноцид.
Оригиналната дефиниција на зборот геноцид е обид да се уништи цел народ, тоа не се случи во Сребреница, тоа што се случи таму беше воено злосторство – рече Зуроф, кој е директор на Центарот „Симон Визентал“.
Зуроф смета дека најголемиот проблем е што Генералното собрание на ОН не е тело кое може да одредува што е геноцид.
– Тоа се луѓе кои претставуваат одредени земји кои се занимаваат со политика и понекогаш гласаат не за вистината, туку за политиката – прецизира Зуроф.