Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата