Унгарската влада со ултиматум до трговците: Имате две недели да ги намалите цените на горивата

25.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарската влада со ултиматум до трговците: Имате две недели да ги намалите цените на горивата

Цените мора повторно да се изедначат со регионалниот просек, а тоа особено важи за бензините 95 и дизелот, нагласи министерот по седницата на владата.

Владата им даде рок на трговците од две недели за да ги доближат до просекот, а потоа тие повторно ќе ги анализираат „и ќе воведат строги мерки“ доколку се сè уште над регионалниот просек, рече Наѓ.

Министерот пред една недела во интервју за деловниот весник „Вилаггаздасаг“ рече дека се подготвени да го разгледаат поставувањето ценовни лимити откако Државниот завод за статистика КСХ ќе објави преглед на просечните цени во регионот на Централна Европа.

„Трпението на владата е при крај... Мислиме дека цените на горивата на (унгарскиот) пазар се седум до девет отсто повисоки од регионалниот просек“, рече Наѓ во интервју објавено минатата среда.

Заводот за статистика од 19 април почнал да објавува неделни извештаи во кои се споредуваат цените во Унгарија со просекот во регионот на Централна Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Србија, Романија и Бугарија.

Извештајот од минатиот петок покажал дека бензинот 95 во Унгарија таа недела бил во просек за 3,2 отсто поскап од просекот во регионот, а дизелот за пет отсто. Разликата изнесува 20 HUF и 31 HUF соодветно, пресметале статистичарите.

Цените донекаде паднале, но се очекува оние што ќе стапат во сила од петок и понатаму ќе бидат повисоки од просечните за 10 или 27 форинти по литар дизел или бензин, рече министерот Наѓ. „Вистинското решение би било замрзнување“, нагласи тој, додавајќи дека Здружението на производители (МАСЗ) склучило договор за усогласување на цените со регионалниот просек објавен во петокот од Централниот завод за статистика.

Унгарската компанија за нафта и гас Мол во рок од една недела ја намалила цената на дизелот на 633 HUF, а на бензинот на 647 HUF, додаде министерот. Со цел да се заштитат домаќинствата, Владата ги повикува сите трговци што поскоро да ги вратат цените на регионалниот просек, нагласи тој.

Ројтерс пренесува дека МОЛ, според извршниот директор Золт Хернади на состанокот на акционерите, стравува дека државната интервенција на пазарот на гориво ќе влијае на одржливоста на нивните планови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата