Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва, четворица од повредените критично

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва, четворица од повредените критично

Починало едно лице повредено во нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во предградието на Москва, кое било во исклучително тешка состојба, со што вкупниот број на жртви на тој терористички чин се искачи на 140, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. .

Тој додаде дека уште четири повредени лица се уште се во критична состојба, дека 19, меѓу кои три деца, се во тешка состојба, а 34 се во стабилна состојба, пренесува РИА Новости.

„Уште 23 жртви го завршуваат болничкото лекување и се подготвуваат да бидат отпуштени“, рече Мурашко.

Дополнително, тој објасни дека, според оперативните податоци, 205 жртви добиле амбулантна нега.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта врз салата Крокус, во предградието на Москва.

Во нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште поминувајќи ја блиската украинска граница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата