Почина мајката на бебето, повредено во нападот со нож во Сиднеј- очајно се борела да го спаси

13.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина мајката на бебето, повредено во нападот со нож во Сиднеј- очајно се борела да го спаси

Бројот на загинати во денешниот напад со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн на истокот на Сиднеј се искачи на седум, вклучувајќи го и напаѓачот.

Сведоците опишаа како мајката очајно се борела да го спаси своето дете и покрај повредите, давајќи им го детето на луѓето во трговскиот центар.

Медиумите јавуваат дека бебето било прободено во стомакот и било оперирано, откако хероите користеле облека од продавницата за да и го спречат крварењето.

Нападот со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ на истокот на Сиднеј се случил попладнево според локално време, а напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.

„Припадник на полицијата се соочи со напаѓачот...таа брзо тргна зад него за да го стигне. Тој се сврте кон неа и подигна нож. Таа употреби огнено оружје и тоа лице сега е мртво“, рече тој, според Гардијан.

Според исказот на сведокот, објавија медиумите, припадничката на полицијата му рекла на напаѓачот да го фрли ножот, а кога тој не го сторил тоа, таа го застрелала директно во градите.

Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.

На прес-конференција, полицијата соопшти дека верува дека напаѓачот бил внатре во трговскиот центар, заминал и се вратил со нож пред да ги нападне жртвите.

Кук рече дека неколку луѓе биле пренесени во болница.

Претходно извор од полицијата изјави дека неколку лица се во критична состојба, објави „Сиднеј морнинг хералд“.

Меѓу повредените има и деветмесечно бебе.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но засега не може да се исклучи можноста за терористички напад.

Стотици луѓе се евакуирани од трговски центар во Сиднеј по извештаите за маж вооружен со нож.

Австралиската полиција претходно соопшти дека еден маж бил застрелан по извештаите за повеќекратни прободувања во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата