Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

20.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале „прсметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

- Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин... Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк,  изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

- Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата