Францускиот
претседател Емануел Макрон изјави  дека
„постои ризик Европа да умре“. Тој тоа го кажа за време на говорот на
Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна
дека битката за изградба на силна Европа е далеку од добиена и дека постои
ризик од заостанување зад светските ривали во наредната деценија, пренесува
Ројтерс.
Европа, како што
оцени Макрон, е на пресвртница и мора да направи повеќе за да се натпреварува
со забрзаното вооружување на своите глобални ривали Макрон истакна дека моделот
на економски раст на Европската унија мора да се промени, бидејќи сегашниот не е
одржлив ЕУ заостанува во глобалниот контекст во кој се доведуваат во прашање
принципите на слободната трговија.
Тој додаде дека
Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да
се осмели да предложи напуштање на Европа“.