Ван Дајк за можниот стратег на Ливерпул: Арне Слот е еден од најдобрите холандски тренери!

25.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ван Дајк за можниот стратег на Ливерпул: Арне Слот е еден од најдобрите холандски тренери!

Откако и дефинитивно се знае дека Јирген Клоп по завршување на сезоната ќе си замине од Ливерпул, деновиве наголемо се шпекулира дека Арне Слот, сегашниот стратег на Феенорд би можел да биде наследникот на Германецот на клупата на “Редси“.

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк има само пофални зборови за својот сонародник:

Арне Слот е еден од најдобрите холандски тренери во моментов. Со начинот на кој игра неговиот тим, филозофијата што ја има, тој секако ќе може да го тренира Ливерпул. Немам информација дека се е готово, знам само дека официјален договор за негово доаѓање сеуште нема, останува да се види“ посочи дефанзивецот на Ливерпул.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата