Снајдер: Се надевам Јунајтед ќе изгуби во финалето на Купот со 5:0

23.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снајдер: Се надевам Јунајтед ќе изгуби во финалето на Купот со 5:0

Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер го критикуваше Антони поради неговото однесување за време на пенал рулетот од полуфиналето на ФА купот против Ковентри. Бразилецот ги провоцираше противничките фудбалери.
Антони треба да се срами од своите постапки. Требаше само да го напушти теренот наместо да го прави тоа. Дечки, не го елиминиравте Реал Мадрид, туку Ковентри, тим од Чемпионшип дивизијата. Се надевам дека Манчестер Јунајтед ќе го загуби финалето со 5:0“, изјави Снајдер.
Инаку во финалето (25 мај) Манчестер Јунајтед ќе игра против Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата